Пендаровски: Процесот ќе биде рутински, имаме способни луѓе од сите министерства кои си ја знаат својата работа

LinkSense.mk

По повод стартот на завршната фаза од преговарачкиот процес со НАТО за членство во алијансата, кој започна денеска во Брисел, Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски ја даде следната изјава за медиумите:

„Практично имавме две сесии претпладне и две попладне, и така и во текот на утрешниот ден. Поминавме одлично. Сесиите беа брзи и ефективни затоа што Македонија е најдолго кандидат, кој чека 20 години. Со овој статус сме од 1999 година на Вашингтонскиот самит на НАТО, и од тогаш до денеска имаме најмногу, 19 годишни кругови на национални годишни програми за членство.

Тимовите дојдени овде од сите надлежни министерства и државни органи се подготвени многу одамна за ова. Само го чекавме моментот кој се случи во јули кога ја добивме поканата, да се отвори овој формален процес, оваа последна фаза, пред членство во НАТО.

Мислам дека ќе поминеме рутински, бидејќи навистина имаме тука доста способни луѓе од сите министерства кои си ја знаат својата работа“.