Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Секој што е споменат во „Рекет“ сам да даде изјава, а не да чека да биде повикан од надлежен орган
Македонија

Пендаровски: Секој што е споменат во „Рекет“ сам да даде изјава, а не да чека да биде повикан од надлежен орган

септември 23, 2019Updated:септември 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот Стево Пендаровски смета дека сите инволвирани или споменати во врска со случајот „Рекет“ сами треба да се пријават и да дадат изјави, а не да чекаат да бидат повикани од надлежните органи.

„Мислам дека секој што е споменат, треба да даде изјави, дури и ако не е повикан од надлежен орган. Едноставно, како политичари сме должни да дадеме чист одговор пред јавноста дали преку соопштение или преку изјави пред надлежен орган и да кажеме – јас со таа и таа работа немам ништо“, изјави Пендаровски при денешната посета на Велес.

Одговарајќи на новинарско прашање, Пендаровски појасни дека ги повикал надлежните да ги прекинат колективните годишни одмори во времето кога овој случај почнал да се развива во јавноста, бидејќи сметал дека аферата има такви пропорции што не може да се дозволи да има колективен годишен одмор во време кога јавноста очекува резултати.

„Околу темпото на истрагата, не можам да се мешам. Јас не повикав што е можно побрзо и не дадов рок до кога треба да има подигнато обвинение. Можеби нема да има. Јас повикав само да престанеме со користење на годишните одмори, бидејќи тоа не беше соодветно во тој момент“, истакна Пендаровски.

Тој потсети дека на прес-конференцијата што ја одржал на 12 август кажал дека нема никаква релација со луѓето што се споменуваат и најави дека и во иднина има намера и за себеси и за луѓето од неговиот Кабинет, ако на било кој начин се споменати во било какви претпоставени незаконски дејства, да излезе со соопштение или со јавна изјава и да се даде отчет пред јавноста.

„Ние сме платени да дадеме отчет пред граѓаните, дури да дадеме одговор и на најнеоснованите конструкции што може да се направат. Ние сме должни да трпиме повисоко ниво на критика и јас ги повикувам и политичарите и позицијата и опозицијата и граѓаните тоа да го прават. Ние не смееме да бидеме херметични затворени во кабинетите и да чекаме да не повика официјален државен орган“, рече Пендаровски.

актуелно изјава пендаровски рекет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.