Песков: Посетата на Трамп на Русија е дезинформација

„Засега нема разговори за посетата на избраниот претседател на САД, Доналд Трамп на Русија. Тоа е потполно некоја непроверена информација која повеќе личи на новинарска шпекулација. Тврдам, нема никакви конкретни потези за средба на двајцата претседатели, им изјави денес на новинарите прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Изјавата на Пресков за наводната посета на Трамп на Кремљ следи по се погласните шпекулации што дојдоа веднаш по изборите во САД.

Претходно, висок официјален претставник на Републиканската партија од чии редови е новиот американски претседател, во изјава за американски медиуми наведе дека одлуката за одлагање на посетата е донесена после неколкуте разговори меѓу тимовите на Доналд Трамп и Владимир Путин.