Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Петровска во посета на Словенија
Македонија

Петровска во посета на Словенија

октомври 17, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонската министерка за одбрана, Славјанка Петровска, денеска  ја започна дводневната официјална посета на Словенија, на покана на министерот за одбрана, Марјан Шарец.

Петровска и нејзиниот словенечки колега Шарец одржаа средба на која беше потврдена заедничката заложба за посилна одбранбена соработка бидејќи двете држави споделуваат заеднички вредности и иста цел – стабилен, мирен и безбеден регион со сигурна европска иднина.

„Словенија е наш докажан пријател, сојузник и гласен поддржувач на евроинтеграцијата на Северна Македонија. Оваа година одбележуваме 30 години соработка помеѓу двете држави и 28 години одбранбена соработка која остави белег на развојот на одбраната и Армијата. Живееме во комплексни времиња со бројни безбедносни предизвици и затоа како блиски и пријателски земји, и како сојузници во НАТО, мораме да опстанеме на нашиот пат кон уште посилна, уште поинтензивна одбранбена соработка“, рече министерката Петровска по средбата.

Таа на средбата ја изрази својата благодарност за несебичната, конзистентна и гласна словенечка поддршка во поглед на пристапувањето во Европската унија, но и за експресната реакција и материјална и техничка помош од таму при справувањето со пожарите минатата година.

„Балканот мора да опстане на патот кон целосна демократизација и силна европеизација – пат кој е нераскинливо поврзан со пристапувањето кон Европската Унија. Овој пат мораме да го минеме ефикасно и квалитетно и словенечката поддршка во тој правец е секогаш присутна и исклучително важна, за што искрено ви се заблагодарувам“, подвлече министерката.

Во контекст на регионалната безбедност која е приоритет и за Македонија и за Словенија, министерката порача дека регионот се соочува со свои предизвици, но ниту еден предизвик не е нерешлив доколку има политичка волја, храброст и насоченост кон иднина на соработка и просперитет.

„Традиционалните недоразбирања и историски предрасуди за жал сè уште не се целосно затворени и оставени во минатото. Решавањето на отворените билатерални прашања во регионот се клучни за подобрување на заедничката безбедност, но и европската стабилност. Примерот на Северна Македонија во овој поглед треба да биде искористен како позитивен патоказ”, рече Петровска.

Министрите на средбата се заложија за уште посилна соработка во областа на одбраната, при што министерката Петровска повика на интензивирање на заедничките вежби и обуки на армискиот полигон „Криволак“, склучување на договор за одбранбена соработка со цел развој на одбранбени капацитети и планирање и справување со сајбер, хибридни и асиметрични закани.

Петровска и Шарец разговараа и за соработката во НАТО – мисиите, односно за заедничкото учество во „Зајакнато истурено присуство“ во Латвија каде македонските мировници се дел од словенечкиот контингент. Тие се согласија дека улогата на НАТО е јасна и прецизна – тоа е одбранбена Алијанса чија основна цел е безбедност на секоја педа НАТО територија.

Денеска во Љубљана, министерката Петровска ќе се сретне и со претседателот Борут Пахор, а ќе се обрати и на церемонија за примопредавање на нов музејски експонат, германски противвоздушен топ од Втората светска војна, донација од Македонија во Паркот за воена историја Пивка, а утре ќе присуствува на воена вежба која ќе се реализира во Воздухопловната база во Церкље об Крки.

актуелно Европска унија Љубљана македонија НАТО одбрана Славјанка Петровска словенија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.