Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Петровска: Пораките од Агелер само одат во поддршка на сето она што ние како држава го правиме
Македонија

Петровска: Пораките од Агелер само одат во поддршка на сето она што ние како држава го правиме

декември 14, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека не гледа задна намера во сите пораки кои ги слушнавме изминатите денови од амбасадорката Анџела Агелер и од претставниците на САД, туку напротив, како што посочува, смета дека тие само одат во поддршка на сето она што ние како држава и како општество се обидуваме да го направиме.

Прашана за тоа како најавата на амбасадорката Анџела Агелер за нови имиња на „црната листа“ влијаат на нашите евроинтеграциите, Петровска пред почетокот на денешната регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“, нагласува дека не само во делот на одбраната САД се наш стратешки партнер од осамостојувањето на оваа држава.

– Сите ние сме сведоци низ какви премрежија поминавме и во блиската и во подалечното минато, какви се’ одлуки моравме да донесеме коишто можеби на моменти беа тешки, беа политички предизвикувачки меѓутоа сепак беа донесени за да можеме да ги оствариме нашите стратешки цели. Во сите оние пораки кои ги слушавме и вчера, меѓутоа и во изминатите денови и од амбасадорката и од претставниците на САД јас не гледам задна намера. Напротив, сметам дека тие само одат во поддршка на сето она што ние како држава и како општество се обидуваме да го направиме, вели Петровска, одговарајќи на новинарско прашање.

Како министерка за одбрана и пред се како граѓанин на оваа држава, таа нагласува, дека корупцијата претставува безбедносно прашање.

– Ако немате контрола на тој сегмент од општеството, не можете никогаш да бидете сигурни каде тие пари ќе завршат, кого се ќе финансираат и на каков момент, сега не зборуваме за големи дестабилизации, меѓутоа во даден момент можат да ја дестабилизираат државата на каков било начин. И ова не зборувам само за Северна Македонија, туку каде било, вели Петровска.

Борбата против корупцијата, подвлекува Петровска, не треба да биде декларативна и очекува и сега, меѓутоа и во иднина институциите во нашата држава поагилно да реагираат.

-Се работи и на измена на законодавството со кое што во иднина да можеме лицата кои ќе се најдат на црни листи или на каков било начин ќе претрпат санкции дали тоа ќе биде од ЕУ или од нашите стратешки партнери ќе можат веднаш без одлагање да бидат преземени мерки и во РСМ. Ова е само еден мал сегмент, меѓутоа навистина е значаен ако сакаме навистина да се справиме со корупцијата, рече Петровска.

Според Петровска, конечна борба или конечна победа против корупцијата никој не постигнал, но тоа не значи дека треба да бараме изговори, туку напротив треба да даваме решенија и да покажеме активности.

-Без разлика колку понекогаш е тешко да ги донесеме одредени одлуки, меѓутоа верувајте дека европската интеграција на нашата држава при минувањето на оваа точка во која што во моментот стоиме е вистинското решение и за борбата против корупцијата и за подобрување на состојбите во целото општество. Само со мало приближување, а тоа го направивме со завршувањето на процесот на скринингот и одржувањето на првата меѓувладина конференција многу голема поддршка се отвори и за давање на Република Северна Македонија и во финансиска смисла, меѓутоа и во секаква смисла во делот на подобрување на процесите внатре во државата, оценува Петровска.

Евроинтеграцијата, посочи таа, не ја правиме заради големите земји и заради тоа што некој тоа го бара од нас, туку, како што вели, тоа го бараме како резултат на поддршката кои граѓаните на оваа држава ја даваат.

Фото: МИА

агелер актуелно Петровска поарки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.