Пет македонски фудбалски клуба ќе поделат 325.000 евра

LinkSense.mk

Вардар, Работнички, Металург, Брегалница и Шкендија ќе добијат вкупно 325.890 евра од Европската фудбалска унија (УЕФА) за настапите на нивните играчи во квалификациите на Европското првенство (ЕП) во 2016 година во Франција.

Најмногу ќе добие Вардар (148.584 евра), а понатаму следуваат Работнички (115.248), Шкендија (31.028), Металург (26.595) и Брегалница (4.432 евра).

Задоволен сум што можеме финансиски да им помогнеме на многу клубови и на тој начин да им се заблагодариме за нивниот придонес во успешното ЕП 2016. Со поделбата на дел од профитот продолжуваме со поддршката за развојот на фудбалот, Александар Чеферин, претседател на УЕФА

На листата на УЕФА се наоѓаат 641 клуб од 54 земји, членки на УЕФА, чии фудбалери играа во квалификациите и на завршниот турнир на ЕП 2016.

Нив УЕФА ќе им исплати вкупно 150 милиони евра што е за 50 милиони повеќе отколку за минатиот циклус квалификации за ЕП 2012.

Две третини од парите, 100 милиони евра, добија клубовите што имаа фудбалери што играа за дваесет и четирите репрезентации кои учествуваа на финалниот турнир, додека преостанатите 50 милиони ги добија клубовите за настапот на играчите во квалификациите за ЕП.

Најмногу пари добија клубовите од Англија, вкупно 38.329.085 евра, од нив најповеќе Ливерпул, 3,394 милиони евра.

Во Европа најголема добивка има Јувентус, 3,484 милиони евра.