Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пет мртви и 10 ранети во вооружен напад на пазар во Иран
Во Фокусот

Пет мртви и 10 ранети во вооружен напад на пазар во Иран

ноември 17, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вооружени лица отворија оган на пазар во југозападниот ирански град Изех, при што загинаа најмалку пет лица, меѓу кои една млада девојка, а беа повредени цивили и припадници на безбедносните сили.

Не е јасно што го мотивирало нападот или дали е поврзан со националните протести што го потресоа Иран во изминатите два месеци.

Во престрелката се ранети 10 лица, меѓу кои и полицајци, јави државната телевизија.

Валиола Хајати, заменик-гувернер на провинцијата Хузестан, во која што се наоѓа градот, изјави дека меѓу загинатите има една млада девојка и една жена.

Државната телевизија соопшти дека групи од неколку десетици демонстранти се собрале во различни делови на Изех доцна вчера, извикувајќи антивладини слогани и фрлајќи камења врз полицијата, која употреби солзавец за да ги растера.

Државните медиуми објавија и дека некој запалил шиитска верска богословија.

При некои протести избија жестоки судири, додека безбедносните сили го сузбиваа „несогласувањето“.

Во Иран неодамна имаше серија напади за кои се обвинети сепаратистите и верските екстремисти, вклучително и пукањето во големо шиитско светилиште минатиот месец, во кое загинаа повеќе од десет луѓе, а одговорноста ја презеде групата Исламска држава.

Демонстрациите започнаа на 16 септември со смртта на 22-годишната жена што беше уапсена од страна на „моралната полиција“, и тие брзо ескалираа во повици за соборување на владејачките ирански свештеници и за крај на теократијата воспоставена по Исламската револуција во 1979 година.

Властите сериозно ја ограничија работата на медиумите и повремено го прекинуваат интернетот, што го отежнува потврдувањето на деталите за немирите во различни делови на земјата.

Насилството во Изех се случи на вториот ден од тридневниот генерален штрајк на којшто повикаа демонстрантите. Штрајкот е во знак на сеќавање на претходната рунда на протести ширум земјата во 2019 година во кои беа убиени стотици демонстранти.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: „Профимедиа“)

актуелно Иран напад сепаратисти шиити
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.