Писонеро: Вакцините за Балканот се знак дека ЕУ се грижи за регионот

Портпаролката на Европската Комисија задолжена за проширувањето, Ана Писонеро, на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел, рече дека доставувањето на вакцини за земјите од Западниот Балкан од страна на Европската унија се доказ дека иднината на регионот е во Унијата.

Испораката на вакцините што ќе се распределуваат со помош на Австрија, а почнуваат да пристигнуваат денеска, според Писонеро, се јасна поддршка од Унијата, заедно со финансиската помош од 3,3 милијарди евра за економското заздравување на западнобалканските земји.

Од 650 илјади вакцини, 199 илјади ќе бидат за Македонија.

Распределбата се прави според потребите на секоја од државите, а дозите се наменети за здравствените работници и најранливите групи.

„Ова е јасна порака дека се грижиме за регионот и дека неговата иднина се наоѓа во Европската Унија“, потенцира Писонеро, пренесе МИА