Пламнаа акциите на „Тесла“, нарачани 200.000 „сајбертрак“

Акциите на американската компанија „Тесла“ пораснаа за четири отсто, после што нејзиниот извршен директор Илон Маск порача дека фирмата веќе примила 200.000 порачки за својот футуристички пик-ап „сајбертрак“.

Новиот електричен камионет, изграден од некорозирачки челик, кој чини од 39.000 долари па нагоре, не успеа да минатата недела да ги воодушеви на „Волстрит“ минатата недела, затоа што во текот на неговото презентирање пукнале наводно непробојните стакла на возилото, потсети агенцијата Ројтерс.

Компанијата „Тесла“, меѓутоа, веднаш отвори можност за порачка на возила и им дозволи на потенцијалните купувачи да резервираат камионет депонирајќи само 100 долари, во споредба со 1.000 долари колку што компанијата бараше за резервирање на седан „модел 3“ 2016 година.

„Тесла“, како што е соопштено, примила мноштво резервации, што га поттурна денеска вредноста на нејзините акции на 345,50 долари во електронското тргување.

„Подобар камионет од Ф-150, побрз од ‘порше 911’“, напиша Маск викендов на Твитер за „сајбертрак“.