Повеќето реки со повисок водостој

LinkSense.mk

Водостојот на повеќето реки во земјава денеска е повисок во однос на вчерашниот ден. Исклучок е Вардар кај Велес, каде нивото денеска е за 10 сантиметри пониско во однос на вчера, но, сепак е во рамки на просекот за март.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, за речиси 30 сантиметри е зголемен водостојот на Црн Дрим кај Ложани и денеска изнесува 185 сантиметри. Просекот за март за ова мерно место е 127 сантиметри. За 30 сантиметри е зголемено и нивото на водостојот на реката Струмица кај Ново Село и изнесува 150 сантиметри, а просекот за овој месец е 138 сантиметри.

Нивоата на езерата се во рамки на мартовскиот просек, со исклучок на Дојранското каде нивото е за три сантиметри повисоко од просечното.