Повеќе од 20 потреси во Јадранското море

Од силниот потрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер којшто денес послепладне го погоди Јадранското море, областа јужно од Сплит се затресе повеќе од 20 пати.

Оној најсилниот потрес се почуствува во Далмација и Италија, но не предизвика материјални штети.

После него беа забележани повеќе од 20 потреси, при што три имаа јачина меѓу 4 или повеќе од 4, а шест имаа магнитуда од 3 до 4 степени по Рихтер.

Станува збор за вообичаени потреси после силен земјотрес, пренесува хрватскиот портал Индекс, повикувајќи се на официјални извори.