Повредени навивачи од слетувањето на падобран пред натпреварот Германија – Франција

Пред почетокот на натпреварот на Европското првенство помеѓу репрезентациите на Франција и Германија во Минхен, падобран слета на теренот.

Активист на меѓународното еколошко здружение „Гринпис“ прелета по долниот степен на трибината и потоа слета на тревникот. Според „Вашингтон пост“, по неговото неуспешно слетување, дел од остатоците на монтираниот фотоапарат „пајак“ ги повредиле гледачите на трибините, за што морале да побараат лекарска помош.

Падобранот носеше транспарент: „Откажете се од нафтата. Зелен мир”. Активистот веднаш беше уапсен.

Натпреварот го доби Франција со 1:0.