Повредени петмина војници на АРМ

Петмина припадници на Армијата на Република Македонија се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Велес-Скопје.

Несреќата се случи во 12.30 часот во близина на патарината Сопот, а учествувале три возила на АРМ, кои се движеле во конвој на редовни вежбовни активности на полигонот Криволак.

Повредените војници се префрлени во велешката болница и по укажаната лекарска помош пуштени на домашно лекување.

На местото на несреќата е извршен увид.