Повторно шпекулации за здравјекто на Ким Јонг Ун

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, повторно ги поттикна шпекулациите за своето здравје, откако неодамна објавените фотографии сугерирале дека тој многу ослабел.

Фотографиите се направени на состанокот на Политбирото на владеачката Работничка партија кон крајот на минатата недела, што беше прво јавно појавување на Ким Јонг Ун во последниот месец.

Еден портал од Јужна Кореја отиде толку далеку што објави зголемени фотографии кои сугерираат дека Ким дополнително го затегнал ременот на својот омилен часовник на зглобот на неговата лева рака. Сликите покажуваат дека неговиот лев зглоб е значително потенок отколку на сликите направени во ноември 2020 година и во март годинава.

Ким, за кого се верува дека има 37 години, е страствен пушач, и досега веќе имаше проблеми со здравјето што се припишуваше на неговата тежина и стилот на живот.

Јужнокорејската национална разузнавачка служба соопшти минатата година дека се верува дека севернокорејскиот лидер бил тежок 140 килограми и дека во просек добивал по шест-седум килограми годишно, од доаѓањето на власт кон крајот на 2011 година.

Единствено што сеуште не е јасно е тоа дали изменетиот изглед на Ким Ун е резултат на болест или свесна одлука да ослабе.

Здравјето на Ким е чест извор на шпекулации, а неговото тронеделно одсуство во текот на пролетта предизвика гласини дека имал операција на срцето, а некои извештаи дури сугерираа дека починал.

 

 

(Фото: АП)