Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Поддршка од Словенија за членството на Македонија во НАТО
Македонија

Поддршка од Словенија за членството на Македонија во НАТО

септември 5, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Република Словенија е подготвена директно да ја поддржи Република Македонија во процесот на реформи во одбраната и при изработката на клучните документи за развој на одбраната и вооружените сили, како Стратегискиот одбранбен преглед, беше договорено на денешната средба помеѓу министерките за одбрана на Македонија и Словенија, Радмила Шекеринска и Андреја Катич во Љубљана.

„Во сериозни потфати како интеграцијата во НАТО нема простор за импровизација. Црна Гора тоа го докажа кога побара поддршка од Република Словенија и доби полноправно членство. Тоа беше мудар потег. Дозволете ми да го истакнам задоволството што министерката Катич изрази подготвеност Словенија да го искористи тоа знаење и искуство дадено на Црна Гора за да и помогне на Република Македонија да стигне до долго очекуваната стратешка цел. Убедена сум дека со таква поддршка, се зголемуваат шансите на нашата земја да стане 30. членка на НАТО-Алијансата“, истакна министерката Шекеринска по средбата со министерката Катич.

Словенечката министерка изјави дека Словенија ќе и ја даде на Македонија истата поддршка која и ја даде на Црна Гора во процесот на пристапување кон НАТО. Таа додаде дека Словенија ќе и помогне на Македонија во изработката на сите реформски документи, особено на Стратегискиот одбранбен преглед. „Западниот Балкан за Словенија е приоритет и во тоа светло треба да се гледа поддршката што ја даваме за пристапувањата кон НАТО и ЕУ.

Затоа не радува што Македонија во ова кусо време успеа да ги подобри односите со соседите“, рече Катич. Министерката ја поддржа соработката на регионален план, особено во контекст на Балканските медицински наменски сили и додаде дека ќе ја поддржи Македонија во нејзиното кандидирање како водечка земја (рамковна нација) во оваа организација, по истекот на мандатот на Србија.

Министерката Шекеринска порача дека мигрантската криза и проблемите со тероризмот покажуваат колку зависиме едни од други. „Безбедносните интереси на Словенија се бранат и во Македонија, безбедносните интереси на Европа се бранат и на Балканот. Затоа интересот на Македонија да стане членка на НАТО е и интерес на целиот регион, на Европа. Тоа е интерес на заедничката безбедност“, рече министерката.

Таа додаде дека Македонија е исклучително посветена да ја оправда довербата на партнерите, вклучувајќи ја и Словенија, со исполнување на зацртаните реформи во планот „3-6-9“. Шекеринска го потенцираше значењето на словенечката поддршка во изработката на Стратегискиот одбранбен преглед, како клучен документ кој ја трасира траекторијата за реформи во доменот на одбраната.

Министерката Шекеринска како пример за одличната одбранбена соработка ги наведе актуелните заеднички обуки на АРМ и вооружените сили на Словенија – обуката на припадниците на АРМ во Словенија, која е во тек, и планираната вежба, „Предизвик 17“ која ќе се реализира на Криволак во октомври, заедно со 30-тина припадници на вооружените сили на Словенија.

Македонско-словенечката одбранбена соработка вклучува и обуки и школувања на припадниците на АРМ во високите воени школи во Словенија. Земјите се дел и од поголем број регионални иницијативи, како Процесот на соработка во Југоисточна Европа (СЕДМ), Балканските медицински наменски сили, Форумот за безбедносна соработка и други.

Во рамки на престојот во Словенија, министерката Шекеринска денеска ќе учествува и на Бледскиот стратегиски форум кој претставува водечка конференција во Централна и Југоисточна Европа на која ќе стане збор за промените и предизвиците во светот, позицијата на Европската Унија, Западниот Балкан, човековите права во време на промени и дигиталната дипломатија. На Форумот учествуваат голем број шефови на држави и влади, министри, дипломати.

Шекеринска ќе има и повеќе билатерални средби, меѓу кои и со Претседателот на Словенија, Борут Пахор и со европратеничката Тања Фајон. Вечерва, словенечката министерка Катич организира работна вечера со министерката Шекеринска и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини.

Во текот на утрешниот ден, министерката Шекеринска ќе се сретне со претседателот и членовите на Одборот за одбрана во словенечкиот Државен збор, а ќе ја посети и Касарната Церкље, каде припадници на Армијата на Република Македонија во моментов посетуваат теоретска и практична обука за противвоздушна одбрана со лесниот преносен ракетен систем „Игла“.

актуелно арм Европа македонија НАТО словенија шекеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.