Пожар во Бутел, гори поголема површина сува трева

Сува трева во моментот гори на полињата после населбата Бутел. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенира со три возила и десет пожарникари.

Оттаму за МИА изјавија дека е зафатена поголема површина на сува трева и оти сè уште се работи на гаснење на пожарот.

Причините за пожарот засега се непознати.

фото: МИА