Пожар во солунска болница

LinkSense.mk

Во болница во грчкиот град Солун, утринава изби пожар во кој едно лице го загуби животот, соопшти тамошната противпожарна служба.

Според истиот извор, телото е пронајдено на вториот спрат од болницата „Папаниколау“ во која се лекуваат заболени од корона вирус.

Засега не се јасни причините за пожарот, како ни тоа дали во болницата има уште пациенти и медицински лица.

На видео снимките се гледа гист чад кој излегува од два прозорци на еден од бројните катови на болницата.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 30 пожарникари и 11 противпожарни возила.