Полицијата ги евакуираше пратениците од Собранието

Сите пратеници од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се извадени од Собранието и се на безбедно.

Тие со полициски транспортери беа префрлени до седиштето на партијата откако претходно, на повредените им беше укажана медицинска помош.

zaev 111

Со полициска асистенција од собраниската зграда извлечени се и пратениците од Беса и ДУИ.

Радмила Шеќеринска вечерва е однесена во Ургентниот центар каде што заради повредите била подложена на хируршка интервенција.

rada

Во инцидентот во Собранието повредени се четириесетина лица.