Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Полицијата на терен во тетовско Синичане за „бесправно градење“ водоснабдителен систем, целта обезбедување јавен ред и мир
Македонија

Полицијата на терен во тетовско Синичане за „бесправно градење“ водоснабдителен систем, целта обезбедување јавен ред и мир

јули 30, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Полицијата по добиени сознанија околу активностите за изградба на водоснабителен систем во тетовското село Синичане излегла на лице место на терен при што се прибавени податоци и информации и до Основното јавно обвинителство Тетово е поднесено известување за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Портпаролот во МВР, Тони Ангеловски, денеска изјави дека присуството
на полициски службеници на местото каде што се почнати работни активности за изградба на водоснабдителниот систем е во функција на обезбедување на јавниот ред и мир.

„Наша задача е единствено да бидат преземени сите законски мерки, со цел да се спречи нарушување на јавниот ред и мир на таа локација, за да не дојде до несакани настани со посериозни последици по мирот и  безбедноста на граѓаните и тоа ќе го правиме се додека постои безбедносна проценка дека тоа може да се случи“, потенцира портпаролот Ангеловски.

Што се однесува до координацијата и соработката со Јавното обвинителство, тој нагласи дека МВР соработува со обвинителството во сите случаи, како и во овој случај околу истрагата што ја води обвинителството.

„Ние како институција што е задолжена за одржување на јавниот ред и мир имаме оперативни сознанија и неколку конкретни пријави од локални жители за опасност од сериозно нарушување на јавниот ред и мир и поради тоа, на тоа место има полициски службеници“, појасни портпаролот во МВР, повторувајќи дека се е со цел да се избегне какво било нарушување на јавниот ред и мир.

Полицијата, истакна Ангеловски, е сервис на сите граѓани и е должна да постапи во вакви случаи.

Во однос на тоа дали и каде треба да се гради водовод, подвлече портпаролот во МВР, ние немаме апсолутно никакви ингеренции, туку за тоа се надлежни други институции и тие, како што рече, треба да одлучуваат за тоа.

Портпаролот Ангеловски посочи дека од МВР постапуваат и по настаните со пожари кои се пријавуваат и во полициска станица и откако се расчистуваат случаите, до надлежното обвинителство поднесуваат соодветна пријава.

Во таа насока тој апелираше до граѓаните да ги почитуваат насоките од надлежните власти, да внимаваат да не ги палат стрништата, да внимаваат кога одат во шума да не фрлаат догорчиња, стаклени шишиња кои можат да предизвикаат големи шумски пожари.

актуелно полиција Синичане
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.