Безредие и тотален хаос владее на охридските плажи. Речиси 30 отсто од плажите се без спасувачи, а другите половина од струшката страна се необезбедени.
Проблемот се повторува секоја сезона, а надлежните власти немаат слух за нивно решавање.
Точков смета дека токму поради ваквата состојба која се повторува секоја сезона се зголемил бројот на давеници и инциденти на плажите, а одговорноста ја гледа кај концесионерите, министерството за транспорт и врски,и локалните самоуправи на Охрид и Струга кои не вршат редовни инспекции на капалиштата.
Според статистиката тимовите на црвен крст укажале помош на 370 лица од исеченици и вртоглавици, а учествувале во извлекување на 7 давеници.
Точков апелира до концесионерите и надлежните власти да ги обезбедат плажите да не се случуваат посериозни инциденти, а до капачите да одат исклучиво на добро обезбедени места кои имаат добро обезбедени капалишта.
24vesti.mk







