Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Помирување, но без поминување на црвените линии
Македонија

Помирување, но без поминување на црвените линии

декември 1, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во координативното тело за помирување и интеграција во македонското Собрание е постигната начелна согласност за процесот на помирување и за изготвување законско решение. Премиерот Зоран Заев, по средбата со членовите во ова тело рече дека е покажана политичка волја и подготвеност за ваков чекор, но посочи дека дека мора да се направи дистинкција од насилство и учество во настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

„Да оставиме сега на правните тимови кои под раководство на овие посебни групи ќе ги направат следните чекори. Ние денеска изразивме политичка волја. Со моето гостување на самата група јас ја потврдив мојата лична волја и волјата како премиер. Волја и желба постојат, но црвените линии не смеат да се поминуваат, рече Заев, по вчерашната средба со членовите на координативното тело.

Не навлегувајќи во деталите од разговорите на средбата, Заев кажа дека треба да се разграничи што е насилство, а што не е насилство, што е тоа насилство, а што е физичко насилство, што е тоа реализација и осмислување и што е тоа некој да учествува во толпата, да биде заведен или понесен.

„Сите може да се согласиме дека терористичко загрозување на уставниот поредок не е нешто кое треба да ги опфати сите и не навлегувам подетално само кажувам како пример дека имаме потреба да направиме јасна динстикција и разграничување. Секако, пораката на помирување и подадена рака мора да постои, но и пораката на неповторување на вакви работи исто така мора да постои, рече Заев.

Додаде дека би сакал законот да биде донесен што е можно побргу, како што би сакал да бидат завршени порано и сите други процеси. На средбата, како што кажа, се разговарало за трите процеси што паралелно се водат, а тоа се интеграцијата, реформите и помирувањето.

„Не смее да заврши процесот овде на уставните измени. Сите се надеваме дека навистина ќе има најмалку двотретинско мнозинство за уставните измени, рече Заев.

Тој е уверен дека паралелно движење на сите овие процеси ќе дадат резултати исклучиво во интерес на граѓаните на државата.

Потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски, која е еден од претседавачите на интерпарламентарното тело истакна дека разговорите се водат во примарниот дух на стратешките цели на Република Македонија, а тоа е заокружување на процесот на уставни измени, добивање на членство во НАТО и секако процесот на отпочнување на разговори со ЕУ во јуни следната година.

Претставниците на сите политички партии, дел од ова тело, според неа, имаат консензус за патот на Република Македонија кон помирувањето.

„Релаксирањето на општествено политичката реторика мора да почне од Собранието за да може да рефлектира позитивна атмосфера за процесите  што ќе обезбедат иднина на Република Македонија, смета Ташевска Ременски.

Емилија Александрова, ко-претседавач од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека на средбата имало конструктивна дебата и дека се формирани три подгрупи за интеграција, реформи и помирување, кои до вторник треба да ги разгледаат своите области и да излезат со конкретни предлози и решенија, со што би се дало динамика на целиот процес.

Пратеничката потенцираше дека овие три процеси се меѓусебно поврзани и дека еден без друг нема да го дадат конечното решение, а тоа, како што кажа, е да застанеме на вистинскиот пат и еднаш засекогаш како свесни граѓани и политичари мораме да и дадеме шанса на нашата држава да оди напред.

ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работата на телото за помирување, но од партијата најавија дека ќе поддржат законско решение доколку тоа не е селективно.

Тие како пратеничка група поднесоа закон за целосна амнестија за случувањата од 27 април, но тој на собраниската седницата што се одржа во понеделникот не ја доби потребната поддршка.

актуелно ЕУ македонија НАТО помирување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.