Попис ’21: Во земјава живеат 1.836.713 лица, 58,44 отсто Македонци и 24,3 Албанци

LinkSense.mk

Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население.

Податоците покажуваат дека од вкупно попишаните лица 54,25 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи, информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,48 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци.

Од нерезидентното население, пак, што значи македонски граѓани кои надвор од државата повеќе од 12 месеци и странци кои се во земјава помалку од 12 месеци, 24,45 отсто рекле дека се Македонци, а 66,36 Албанци, 4,79 се изјасниле како Турци, 1,02 Роми 0,19 Власи, а 0,35 Срби.

Вкупното попишано население 2 097 319 лица. Резидентно население брои 1 836 713 лица, а вкупно нерезидентно население 260 606 лица. Лицата за кои податоците се преземени од админситративни извори изнесува 132 260 лица.

Ова се дел резултатите за пописот објавени од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во однос на етничката припадност резултатите покажуваат дека:

Од вкупно попишаното население:

54,21 Македонци29,52 Албанци3,98 Турци2,24 Роми1,18 Срби0,87 Бошњаци0,44 Власи

Процентот на лица за кои податоците се преземени од административните извори од вкупно попишаното население изнесува 6,31 процент.

Од вкупното резидентно население:

58,44 Македонци24,3 Албанци3,86 Турци2,53 Роми0,47 Власи1,3 Срби0,87 Бошњаци

Процентот на лица за кои податоците се преземени од административните извори од вкупното резидентно население изнесува 7,2 процент.

Од вкупното нерезидентното население во кое спаѓаат државјаните на РСМ отстуни во странство повеќе од 12 месеци и странците времено присутни помалку од 12 мнесеци:

24,45 Македонци66,36 Албанци4,79 Турци1,02 Роми0,19 Власи0,35 Срби0,81 Бошњаци

Бројот на странци времено присутни во РСМ помалку од 12 месеци изнесува 1 674 лица.

 

ИЗВОР: МИА