Необично доцната сезона на дождови денеска предизвика големи штети во делови од северна Индија, а како последица на обилните врнежи во последните 24 часа загинаа 18 лица, додека училиштата ја прекинаа наставата во неколку градови.
18 лица загинале во различни несреќи предизвикани од дождот, вклучително и давење и струен удар.
Три лица загинаа при уривање на зграда во Њу Делхи при силен дожд, но не е јасно дали дождот го предизвикал уривањето.
Постојаните дождови и поплавите направија хаос во индиските градови во текот на изминатиот месец, вклучително и во технолошкиот центар Бенгалуру во јужна Индија и деловната област Гуруграм во близина на Њу Делхи.
Сезоната на дождови обично завршува во средината на октомври.
Инаку, воздухот во Њу Делхи рано утринава значително се подобри поради врнежите за време на викендот.
(Фото: Би-Би-Си)







