Попова Шапка утрово најстудена и со најмногу снег

LinkSense.mk

На Попова Шапка утрово е измерена најниска температура во државата од -8 степени и највисока снежна покривка од 30 сантиметри.

Како што информира УХМР, следат Тетово, Битола и Маврови Анови со -6, -5 во Скопје-Петровец, Демир Капија и Крушево, -4 Прилеп, Охрид и Претор, -3 Струмица, Берово и Крива Паланка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Штип и Виница, 4 Дојран и 5 степени Целзиусови во Гевгелија.

Во 7 часот најмногу снег покрај на Попова Шапка, има и во Маврови Анови 28, 8 см во Пожаране и Крушево и 2 см во Крива Паланка и Ѓуриште.

 

МИА