Поради Ковид-19 се затвора џамијата Ал-Акса

Третото најсвето место за муслиманите, џамијата Ал-Акса во Ерусалим од петок ќе биде затворена поради зголемување на бројот на заразени со новиот коронавирус.

Џамијата Ал-Акса ќе биде затворена три недели поради раст на бројот на заразени со Ковид-19 и во Израел и во палестинските териториии.

Мерката се совпаѓа со тринеделното затворање во Израел, кој ги контролира влезовите во џамијата.

Тоа е втор пат џамијата Ал-Акса да биде затворена по окупацијата од Израел на источен Ерусалим во Шестдневната војна во 1967 година.

Во Израел досега се потврдени речиси 167.000 случаи на Ковид-19, а 1.147 лица починаа од последици од новиот коронавирус.

Во окупираниот Западен Брег од последици на Ковид-19 починаа 214 лица, а над 30.200 се инфицирани.