Поради непочитување на ковид-мерките затворени два угостителски објекти во Кочанско

„Полициски службеници од ОВР Кочани вчера во 18.35 часот извршиле контрола на угостителски објект во село Облешево, при што биле затекнати неколку лица и сопственикот и било констатирано непочитување на мерките на Владата за справување со пандемијата со Ковид-19, односно не било почитувано работното време“, инфромира МВР.

По комплетирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

„На 30.12.2020 во 00.32 часот, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола на угостителски објект на улица „Димтрие Лазаров“ во Кочани, при што биле затекнати неколку лица и било констатирано непочитување на мерките на Владата на Република Северна Македонија, односно не било почитувано работното време“, се додава во соопштението.

МВР информира дека по комплетирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.