Поради непочитување на мерките: Британскиот министер за здравство поднесе оставка

Министерот за здравство на Велика Британија, Мет Хенкок (42), поднесе вечерва оставка откако ги прекршил владините мерки за заштита од корона вирусот, затоа што ја бакнал колешката, јави Би-Би-Си.

Во писмото упатено на премиерот Борис Џонсон, Хенкок наведува дека „владата му должи на народот кој многу се жртвувал во текот на пандемијата“.

Мораме да бидеме искрени со народот ако го изневериме, како што јас направив, кршејќи ги правилата“, напишал Хенкок во писмото кое го пренесе Ројтерс.

Џонсон одговри дека му е жал што морал да ја прими неговата оставка.

Треба да бидете исклучително горди на својата служба како министер за здравство. Благодарен сум ви на поддршката и верувам дека вашиот придонес во јавната служба е далеку од готово“, порача Џонсон.

Хенкок беше во средиштето на владината борба против пандемијата, зборувајќи им на граѓаните да ги почитуваат строгите правила, а дури ја поздрави оставката минатата година на истакнат научник кој на сличен начин ги прекрши правилата“, потсетува Ројтерс.

Министерот за здравје вчера се извини откако весникот „Сан“ објави фотографија дека ја гушнал и бакнал високопозиционираната помошничка во својата канцеларија минатиот месец, кога тоа беше забрането заради пандемијата.

Прифаќам дека ги прекршив насоките за физичка дистанца во тие околности – рече тој и додаде дека ги разочарал луѓето и силно жали поради тоа.

 

 

(Фото: АП)