Поради пожарот сообраќајот Делчево-Пехчево во прекин, словенечките пожарникари на терен

Пожарот во пехчевско се прошири кон патот Делчево – Пехчево и зафати дел од блиската шума во атарот на селото Црник. Поради новонастанатата ситуација повторно е во прекин сообраќајот во правец од Делчево кон Пехчево.

– Забраната за движење важи од 11 часот на повеќе локации имаме наши екипи кои го упатуваат населението кон алтернатнивниот патен правец преку селото Бигла, информираат од полицијата во Делчево.

Во меѓувреме на терен пристигнаа и противпожарните возила од Словенија кои веднаш се вклучени во гаснењето на пожарот кај селата Робово и Умлена каде хеликоптерите се повлекоа за да наполнат гориво, а гаснењето продолжува теренски.

Во атарот на овие две села ситуацијата е стабилна, но се уште пожарот е
активен и продолжува неговото гаснење.