Поради страв од нова пандемија: Пекинг затвора 40 метро станици и 158 автобуски линии

LinkSense.mk

Четириесет станици на метрото, или 10 отсто од целата подземна мрежа се затворени во Пекинг, во обид да се запре ширењето на короната и да се избегне сценариото во Шангај, каде што милиони жители се во строг карантин за повеќе од еден месец.

Откажани се и 158 автобуски линии, а повеќето од нив се наоѓаат во делот на Чаојанг, епицентарот на жариштето во Пекинг.

Со десетици нови случаи на ден, Пекинг се обидува да избегне целосно затварање, како што се обиде Шангај на почетокот.

Главниот град со преку 22 милиони жители затвори училишта и бројни компании, како и станбени згради во области со висок ризик, додека многу луѓе складираат основни животни намирници, во случај на целосно затворање.

Во 12 од 16-те окрузи во Пекинг се спроведува вториот од трите планирани масовни тестирања оваа недела, по трите масовни тестови минатата недела.

Во Шангај, пак, не е на повидок крајот на заклучувањето.

Најголемиот кинески град и финансиски центар сè уште не им дозволува на повеќето жители да ги напуштат своите домови, но некои сепак имаа корист од малото олеснување од неделата, бидејќи на еден член на домаќинството му е дозволено да излезе на кратка прошетка и да купи намирници во супермаркетите.

Според последните податоци, во Шангај, град со 25 милиони жители, откриени се 63 нови случаи во места каде што нема строги забрани, што укажува дека градот има начин да дојде целта, а тоа е неколку дена без ниту еден случај, како би можеле мерките постепено да се ублажат.

И во градот Џенгџу, каде живеат 12,6 милиони луѓе, вчеравечер беше донесена одлука за карантин.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)