Порака на Ким од Пјонгјанг: Ќе изградам непобедлива војска

„Ќе изградам војска што никој не може да ја победи“. Ова го вети лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун во текот на изложбата на новото вооружување „Самоодбрана 2021“, која е дел од одбележувањето на 76 годишнината од постоењето на владеачката работничка партија.

Оваа изложба е прва од ваков вид откако Ким ја превзеде власта во 2011 година. Прикажано е ново вооружување, вклучувајќи ги и интерконтиненталните балистички ракети, кои Северна Кореја веќе ги тестираше, или ги покажа во текот на воената парада.

Ким порача дека модернизацијата на војската не е насочена против Јужна Кореја и дека не треба да се случи друга војна во која корејскиот народ би се борел меѓусобно.

Именувајќи ја Америка како извор на нестабилност на Корејскиот полуостров, Ким порача дека најважната цел на неговата земја е изградба на „непобедливи воени способности“ кои никој не би се осмелил да ги предизвика.

Јужнокорејскиот лидер ја обвини Америка за „предизвикување тензии и недостаток на манифестација на добри намери во пракса“. Како што рекол, „Соединетите Американски Држави често порачуваа дека не се непријателски настроени кон Пјонгјанг, но не постојат докази за тоа“. Напротив, „Вашингтон продолжува да прави тензии во регионот со своите погрешни проценки и постапки“.

Низ обвинувања, Ким изрече и на сметка на Сеул, истакнувајќи дека е лицемерен, затоа што развојот на вооружувањето на Пјонгјанг го нарекува провокација додека, истовремено, вложува многу пари за зголемување на сопствените воени способности, вклучувајќи и купување на напредни американски ловци.

Истовремено, меѓутоа, Северна Кореја ги обнови каналите за комуникација со јужниот сосед и порача дека е отворена за повторно покренување на официјалните разговори со Сеул „ако за тоа се стекнат услови“.

Последните недели Северна Кореја на противниците им испраѓаше различни сигнали. Минатиот месец Пјонгјанг ги изведе првите ракетни тестови за шест месеци. Во рамки на низата тестови изведени се и тестирања на носачи на нуклеарно оружје, кое би можело да достигне цели во Јужна Кореја и Јапонија, односно американските воени кои таму се наоѓаат.

 

 

 

(Фото: АП)