Пораснаа цените во земјоделството

Цените во земјоделството во март годинава кај импутот пораснале за 3,6 отсто, додека кај аутпутот зголемувањето изнесува 4,2 отсто.

Во споредба со март 2016 година, според податоците на Државниот завод за статистика, во делот импут, цените на тековно потрошени средства во земјоделството пораснале за 3,9 отсто, а цените на средствата наменети за инвестиции се намалиле за 0,4 отсто.

Во делот аутпут, пак, цените на растителното производство пораснале за 6 отсто, додека цените на добиточното производство се намалиле за 1,4 отсто.