Порасна цената на нафтата, пораснаа индексите на Вол стрит

Вредноста на акциите на Вол стрит вчера порасна приближувајќи ги главните индекси до рекордните нивоа, затоа што енергетските компании добиле поттик од растот на цената на нафтата.

Индексот Dow Jones е во пораст од 0,3 отсто, Standard end Poor’s од 0,6, а Nasdaq од 0,7 отсто.

Лесната американска нафта поскапе за 3,6 отсто и сега еден барел чини 47,3 долари, додека нафтата Брент во Лондон поскапе за 3,7 отсто, на 48,6 долари за барел.

nafta-2

Скокот на цената на нафтата допринесе за раст на вредноста на акциите на енергетските компании.

Се очекува дека на состанокот на Организацијата на земји производители на нафта (ОПЕК) на 30 ноември во Виена, министрите на членките ќе се залагаат за намалување на производството, што помага на цената на нафтата.

Претходните две недели главниот двигател на берзите беше изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД.

tramp

Неговата победа ги поттикна акциите и доларот, но негативно влијаеше на обврзниците.

Сега фокусот полека се движи кон други прашања, меѓу кои е и подигањето на референтните каматни стапки на американската централна банка на состанокот во декември.

berza-daks

Во Европа германскиот Dax порасна за 0,2 отсто, францускиот КАК-40 за 0,6, додека британскиот FTSE-100 е во незначителен плус.

Во Азија, јужнокорејскиот Kospi падна за 0,4 отсто, додека јапонскиот Nikei 225 порасна за 0,8 отсто.

Хонгконгшкиот Hang Seng порасна за помалку од 0,1 отсто, додека шангајскиот композитен индекс отиде во плус за 0,8 отсто.

berzi