Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Порастот на минималната плата дава резултати: Платите растат
Економија

Порастот на минималната плата дава резултати: Платите растат

март 28, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Мерката за зголемување на минималната плата, дава резултати. Вработеноста е зголемена, а просечната плата исплатена во јануари забележа најголем раст на платите од 2010 година. Ова беше истакнато од вицепремиерот Кочо Анѓушев и од министерот за финансии, Драган Тевдовски на економскиот форум на тема „Македонската економија, помеѓу визија и дилема: предизвици на економските политики“, организиран од „Фајненс тинк“.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека зголемувањето на просечната плата е резултат на подигнување на лимитот на минималната плата, но и дека за раст на економијата мора да се поддржуваат компании кои се успешни и кои се пред се извозно ориентирани.

Владеењето на правото и стабилната политичка ситуација во државата се основа за да инвеститорите чувствуваат сигурност во своите вложувања. Тогаш и Владата преку економски мерки може да ги стимулира компаниите и да го забрза економскиот раст. Има неколку можности да се зголеми бруто домашниот производ: преку зголемување на домашната потрошувачка, раст на извозот и реализација на капиталните инвестиции. Со оглед на лимитираноста на можностите за зголемување на домашната потрошувачка, Владата се насочи на имплементација на мерки за поддршка на компаниите кои се успешни и извозно ориентирани и кон реализација на капитални инвестиции на државата.

Преку мерките од Планот за економски раст ќе се поддржуваат резултати на компаниите, а целта е да се реализираат нови инвестиции, технолошки развој, воведување на иновации и подигнување на конкурентноста на македонските компании на странски пазари. Воедно Владата ќе се насочи на реализација на капитални инвестиции, патна и железничка инфраструктура, а за тоа е потребно да бидат изработени квалитетни и целосни проекти“, посочи Анѓушев.

Едно од клучните прашања на овој форум беше и дали Македонија ќе може да оствари економски раст од 3,2 проценти и кои се клучните ризици.

Тевдовски увери дека растот е остварлив и дека Министерството за финансии води политика на умерено фискална консолидација и оти на среден рок веќе се преземаат мерки и на приходната и на расходната страна.

„На расходната страна ги скративме непродуктивните трошоци. Нема место за палми и за жални врби. Наместо на непродуктивни трошоци оваа Влада се фокусира на темелите на општеството, домашната економија и НАТО и ЕУ интеграциите, нагласи тој.

Во однос на НАТО интеграцијата, тој рече дека истата ќе создаде мултипликативен ефект и ќе овозможи и повисок економски раст.

Во однос на најавените даночни реформи важно е граѓаните да знаат дека за квалитетно здравство и образование важно е државата да работи на подобрување на даночната политика“, нагласи Тевдовски.

Тој исто така потенцира дека мерките кои се преземени, како на пример мерката за зголемување на минималната плата, веќе даваат резултати.

„Се стравуваше дека оваа мерка ќе резултира со отпуштања. Но, такво нешто не се случи. Невработеноста е намалена, а просечната плата во јануари оствари раст од 5,6 проценти во однос на јануари минатата година, рече Тевдовски.

На форумот со свои излагања учествуваа и претставникот на ММФ за Македонија, Себастијан Соса и Марко Мантованели, директор за Македонија во рамки на регионот на Европа и централна Азија при Светска банка.

актуелно влада ЕУ македонија ММФ НАТО Светска банка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.