Пораст на дневната температура во наредните денови, во понеделник 23 степени

LinkSense.mk

Следува период на стабилно време со пораст на дневната температура која утре ќе достигне од 10 до 17 степени, а в недела од 14 до 20 степени.

Како што соопшти УХМР, утринските утре ќе се движат од -6 до 1 степен, а в недела од -4 до 2 степена.

Според прогнозата на УХМР, во понеделник ќе биде сончево со утринска температура од -2 до 5 и дневна од 17 до 23 степени.

И во деновите потоа ќе биде топло преку ден, со максимални темератури до 21 степен во вторник и среда и до 22 степена во четврток.