Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Посебни правила за празниците и пократок полициски час
Македонија

Посебни правила за празниците и пократок полициски час

април 27, 2021Updated:април 27, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Постојните мерки за ограничување на движењето и мерките за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19 истекуваат денеска, а вчера Кризниот штаб предложи нови, полицискиот час да почнува од 21 и да трае до 5 часот изутрината, да се отворат летните тераси на сите угостителки објекти, а за време на Велигден и Рамазан Бајрам, ноќта на 1 кон 2 мај и 12 кон 13 мај, да нема полициски час.

Сега на потег е Владата која на денешната седница треба да донесе конечна одлука.

Олабавувањето на мерките, според министерот за здравство Венко Филипче, се должи на подобрената епидемиолошка состојба, а тоа е резултат на, како што вели, навремено донесените мерки и димензионирањето на целокупниот систем на координација на приеми во болниците.

„Бројот на новозаболени од ковид се намалува, епидемиолошката крива е во опаѓање. Денеска има и помалку од 100 новодијагностицирани случаи. Сето тоа се чувствува и во болниците“, изјави вчера Филипче.

Филипче, патем, посочи дека се намалува притисокот кон болниците во внатрешноста со префрлање пациенти во скопските јавно здравствени институции и системот на координација меѓу клиниките.

„Почнаа да се ослободуваат одделенија кои беа дополнително ангажирани да сместат пациенти со корона вирус. Генерално, чувствуваме олабавување во смисла на намален притисок. Ги следиме трендовите и во околните држави, овој втор бран насекаде, во сите околни земји спласнува. Се надевам дека тоа, заедно со забрзаната вакцинација која ќе следи по Велигден, кога пред се ќе бидат дистрибуирани кинеските вакцини согласно бројот на пријавени во регионите, ќе ја смени сликата во целост“, рече министерот.

За Велигден и Рамазан Бајрам, рече, дека нема да има полициски час, а верските лидери зеле обврска сè што може да се организира надвор, тоа и да се стори и дека угостителските објекти ќе работат до 21 часот.

„Со ваков начин на организација и одговорноста на граѓаните ќе нема прекршување на мерките. Едноставно, сите со сопствената одговорност да покажеме дека може да се функционира и во присуство на вирус“, порача Филипче.

Претставници на Владата и на верските заедници вчера на средба констатираа дека преземените мерки за заштита на јавното здравје дадоа резултати, што го покажува намалувањето на бројот на заболени лица и на граѓани кои имаат потреба да бидат згрижени во болниците, со што се создаваат и можности за поспокојно одбележување на престојните празници.

Изразен бил заеднички став дека ваквата ситуација не значи и опуштање, поради што Владата и верските лидери на МПЦ и на ИВЗ апелираат до сите граѓани и понатаму да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што од тоа ќе зависи и дали ќе има нови олабавувања на мерките и на полицискиот час.

 

(Фото: МИА)

актуелно Велигден Рамазан ивз ковид корона мерки мпц
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.