Потрагата по Мартин на Халкидики продолжува и денес

LinkSense.mk

Четврти ден продолжува потрагата по 30-годишниот турист од Северна Македонија, кој се води како исчезнат од минатата сабота попладне, кога беше однесен од силни морски струи, на плажата Мити, во Посеиди, Халкидики.

Во спасувачката операција утрово учествуваат три  пловни објекти и четири патролни возила на грчката крајбрежна стража, како и групи волонтери, додека во текот на денот се очекува да се вклучи и авион. Денеска временските услови во подрачјето кое се истражува се поповолни во однос на претходните 24 часа, кога дуваше силен ветар.

Вчера од САД на Халкидики допатуваа мајката и братот на Мартин. Во текот на вчерашниот ден беше пребарувано крајбрежјето.

Денеска, според изјавата на пријател на Мартин ќе се трага со дрон под вода, мајката на Мартин треба да потпише согласност, и ако не го најдат истрагата завршува.

Викендов кратко време по исчезнувањето од страна на спасувачките служби беше пронајден Васил а 19 часа потоа, во неделата од водите на Егејското море е извлечен и Иван кој успеа да се спаси држејќи се на топка која десетина дена пред тоа ја изгубиле деца од Солун во местото Лемонос.