Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

LinkSense.mk

Припадници на единицата на артилерискиот баталјон на Армијата по повод Денот на независноста – 8 Септември, денеска од касарната „Илинден“ во Скопје ќе извршат почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Претходно, како што најавија од Министерството за одбрана, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со по еден истрел од шест артилериски орудија

Почесната стрелба е дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на државните празници.