Почина поранешната прва дама на САД Розалин Картер

LinkSense.mk

Поранешната прва дама на САД Розалин Картер, сопруга на поранешниот претседател Џими Картер, почина вчера на 96-годишна возраст, јавува Би-би-си.

Како што е соопштено, таа починала мирно со семејството покрај неа. Во петокот беше објавено дека таа влегла во дом за нега и дека таму поминала време со нејзиниот 99-годишен сопруг, кој е во болница од февруари.

На Картер во мај му беше дијагностицирана деменција. Првиот пар со најдолг брак во јули ја прослави 77-годишнината од бракот.

 

 

 

(Фото: EPA/ERIK S. LESSER)