Почна европскиот куп во лов на најбараните криминалци

LinkSense.mk

Европската полициска агенција покрена свое натпреварување во вид на видео игра кое треба да помогне во откривањето на бегалците од правдата.

Во видео играта „Европски куп на најбараните“ влегоа 25 опасни криминалци кои се кријат од полицијата, со цел да станат добро познати на јавноста како што се некои фудбалери.

Што повеќе луѓе ќе ги видат нивните лица, поголеми се шансите да бидат уапсени.

Целта на новата кампања на Европската мрежа на тимовите за активно барање на бегалци (ЕНФАСТ) со поддршка на Европол е европските граѓани да се запознаат со лицата на најбараните криминалци.

Ако знаете како изгледаат, можеби ќе ги препознаете и вашата информација може да биде дел кој недостасува за да ги уапси полицијата,“ се наведува на сајтот на Еуропол.

Инаку, играта во таа лига тешко дека претставува чест затоа што повеќе од половината наведени криминалци полицијата ги бара заради извршени убиства, трговија со дрога од поголеми размери, измами или комбинации на повеќе злосторства.

Во „игра“ се 25 криминалци барани по потерници од 23 европски држави од вкупно 50 на сајтот на најбарани во Европа.

 

Претходната кампања доведе до апсење на шест криминалци – три после божикната кампања во декември 2016-та, а три за време на летната кампања со испраќање на разгледници во август лани.

Најмалку 17 опасни криминалци од листата на најбарани се уапсени благодарение на информации добиени од граѓани.