Почна масовна вакцинација против корона вирусот

Во Македонија во тек е масовна имунизација против Ковид-19. Процесот на вакцинација во државава почна на 17 февруари.

Покрај 200 илјади кинески вакцини, во земјава вчера пристигнаа и првите количини од ветените 120 илјади дози од Европската унија.

Станува збор за дел од одобрените 119.213 дози „Фајзер“ кои Унијата ги обезбедува како помош за Македонија преку трилатералните договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“.

Вакцинирањето, според информациите од Министерството за здравство се очекува да тече без проблеми, бидејќи биле обезбедени ефикасни и безбедни вакцини.

Владата и Министерството за здравство веќе иницираа формирање на регионални вакцинални пункотви за масовна вакцинација, во Битола, Охрхид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово и во Велес и Прилеп.

Вакцинацијата, според епидемиолозите, ќе го смени текот на пандемијата и ќе го намали товарот врз медицинските работници и здравсвениот систем.

Бројките на новозаразени и хоспитализирани моментно бележат тренад на намалување, што дава надеж за скорешно завршување на епидемијата.

Заклучно со 2 мај со „Фајзер“ вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со „Спутник В“ 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со „Астра Зенека“ вкупно 21.949 и со „Синофарм“ се вакцинирани 953 лица.

 

(Фото: МИА)