Почна со работа пулмологија во штипската Клиничка болница

По неколкумесечен застој, започна со работа и Одделот за пулмологија во Клиничка боница-Штип.

Директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеорѓијев вели дека одделот не работел бидејќи вработениот изминатите месеци ги користел владините мерка за заштита од коронавирусот. Со враќањето на работа на здравствениот работник пуштени се и закажувања на прегледи преку „Мој термин“.

Во штипската Клиничка болница владините мерки ги користеа 10 отсто од вработените или тоа се околу 50 лекари, медицински сестри и технички персонал, кои поради хронични болести, чување на деца до 10 години или бременост беа ослободени да не доаѓаат на работа.

Ѓеорѓијев вели дека во болницата работат сите апарати.