Започнува изградбата на на експресен пат Штип – Радовиш.
Новиот експресен пат во должина од 23,5 километри ќе има две коловозни ленти со широчина од 3,5 метри и две ленти за застанување од по два метри.
Патот ќе го гради компанијата Штарбаг која на меѓународниот тендер објавен од Европската банка за обнова и развој доставила најповолна понуда во вредност од околу 27 милиони евра.







