Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Инстаграм воведува нова опција: За корекции имате само 15 минути од моментот на објавување да го уредите „сторито“

ноември 27, 2026

Повеќе од 200 предлози и препораки за програмата „Скопје 2028“

ноември 27, 2026

Олимписката шампионка стави крај на кариерата

ноември 27, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Инстаграм воведува нова опција: За корекции имате само 15 минути од моментот на објавување да го уредите „сторито“
  • Повеќе од 200 предлози и препораки за програмата „Скопје 2028“
  • Олимписката шампионка стави крај на кариерата
  • ФФМ усвои стратегија за развој на македонскиот фудбал
  • Лишен од слобода охриѓанец поради предизвикување пожар во стан
  • Четири трендови во шминкањето што ќе ја одбележат зимата: Од усни во бургундска боја до „леден“ изглед што ги освојува социјалните мрежи
  • Претседателските избори во Турција ќе се одржат во 2028 година, Ердоган повторно се кандидира
  • Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почнува 46-тата Галичка свадба
Култура

Почнува 46-тата Галичка свадба

јули 13, 2019Updated:јули 13, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Културно-туристичката манифестација „Галичка свадба“ ќе започне вечерва во 19:30 часот со изведување на првите свадбени обичаи.

Во куќата на зетот ќе се накити бајракот, а потоа со три истрели ќе се означи почетокот еден своевиден фестивал на мијачкиот фолклор.

На годинашното издание во центарот на вниманието ќе бидат зетот Огнен Караѓозовски и невестата Марина Петровска.

Марина има потекло од Крива Паланка, но одамна е преселена, а Огнен има потекло од едно големо галичко семејство.

Тој во повеќе наврати бил вклучен во органзацијата на претходните свадби и учествувал како статист.

Лајв стрим и над 200 луѓе за посилен впечаток

Свадбарските обичаи ќе започнат со поставување на свадбарското знаме, а судбоносното „да“ младенците ќе го кажат в недела, 14 јули, во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“.

Посетителите ќе можат да проследат над 30 обичаи.

За успешен тек на манифестацијата ќе бидат ангажирани стотина статисти облечени во автентични галички носии.

Традционалните ора и игри ќе бидат задолжение на триесетина членови на КУД „Фолклорни бисери“.

Особено атрактивна е коњицата со коњаниците кои во неколку наврати ќе ги бодињаат коњите по тесните галички сокаци.

За да се одвива сé според сценариото ќе има и техничка поддршка, односно годинава за свадбата работно ќе биде за над 250 луѓе.

За време на викендот, во Галичник ќе биде воспоставен и специјален сообраќаен
режим, за полесно следење на фестивалот.

Новината што минатата година се покажа како исклучително атрактивна, годинава ќе биде унапредена.

Лајв стрим (видео пренос) од целиот настан ќе има над 12 часови. Програмата, освен на голем лед екран поставен на платото, ќе може да се следи и преку интернет и други телевизиски платформи.

Традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“ годинава се одржува три дена од 12 до 14 јули, а покровител на годинешната „Галичка свадба“ е претседателот Стево Пендаровски, кој по татко е галичанец.

Традиционалните обичаи како атракција

За време на манифестацијата, посетителите можат да проследат автентични свадбарски обичаи и ритуали проследени со изворни свадбарски песни карактеристични за овој крај и за Мијаците.

Традиционално, почетокот на свадбата се означува во сабота со китењето на свадбарскиот бајрак со горско цвеќе и симболичниот чин на „фрлање“ три пушки од куќата на зетот (вила „Доста“).

Мајката на зетот ги дочекува семејството и роднините со домашен леб и со ќуп во рацете, по што го поведува „Свекрвиното оро“.

Во саботата навечер симболично ќе се тераат демоните што би можеле да го следат младиот пар.

Зетот, кумот и други пријатели носат запалени факели до куќата на младата.

Свитата со факелите го осветлува патот до трите чешми, каде младата за последен пат како немажена ги полни бокалите со вода.

Свадбата продолжува во недела, завршува со венчавка

Утредента се изведува еден оригинален обичај „канење на мртвите“, па бричењето на зетот и потстрижување.

Во неговата потстрижена коса се става дукат, како симбол на богатство и потомство.

По овие обичаи следува одењето до куќата на младата.

Таа облечена во традиционална га лич ка носија, го дочекува младенецот на балконот однејзината куќа.

Тогаш таа изговара, гледајќи низ прстенот: „Низ прстен те гледам во срце да ти влезам“.

Качена на коњ младата заминува во куќата на нејзиниот иден маж.

Свекрвата со сито, погача и бокал со вино ја дочекува невестата, која слегува од коњ и по постелената литовина влегува дома.

По венчавањето во црквата „Св.Петар и Павле“, невестата се носи на вода на чешмата „Упија”, потоа се изведува невестинското оро, ги дарува најблиските, се крши „шутката” и по завршувањето на свадбарските обича и тапаните и зурлите ги испраќаат најблиските роднини.

Особено впечатлив белег на целата манифестација претставуваат колоритните носии на сите учесници во свадбената свеченост.

Посебна атракција е и невестинската носија која сама по себе е уникатна.

На неа преовладуваат белата, жолтата и црвената боја и доминантен е богатиот
вез распореден на ракавите и на предниот дел од кошулата.

Составен дел од невестинската носија е и филигранскиот накит со уникатни златни и
сребрени елементи.

Сиот комплет може да тежи и до 30 килограми.

Венчавката на Марина и Огнен во недела околу пладне ќе ја извршат јеромонасите од Бигорското монашко братство, а претходно во црквата Св Петар и Павле“ ќе се служи света литургија за празникот Петровден.

Покрај официјалниот дел, вечер настап ќе има и групата „Бенд Оф“, а угостителските објекти ќе понудат нивни програми.

актуелно Галичка свадба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Инстаграм воведува нова опција: За корекции имате само 15 минути од моментот на објавување да го уредите „сторито“

ноември 27, 2026

Повеќе од 200 предлози и препораки за програмата „Скопје 2028“

ноември 27, 2026

ФФМ усвои стратегија за развој на македонскиот фудбал

ноември 27, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.