Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 07.03.2022 година регистрираше земјотрес во јужниот дел на Охридско езеро.
Епицентарот се наоѓа 150 km јужно од Скопје во соседна Република Албанија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 02 часот и 41 минути, со локална Рихтерова магнитуда M L 3.6 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, од населението во градот Охрид и околината.
МИА