Пратениците од опозицијата со транспаренти „Не“

LinkSense.mk

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ и Левица за време на обраќањето на претседателката на Европската Комисија во македонското Собрание го изразија својот протест од францускиот предлог со транспарентни на кои пишува „Не на ултимуатумот“.

Тие не се обидоа да го прекинат нејзиниот говор, туку само ги кренаа транспарентите покажувајќи несогласување со предлогот на француското претседателство со ЕУ, со кој би требало да отпочне процесот на преговори за членство во Унијата.

Пратеникот на Левица Димитар Апасиев во еден момент со доближи до говорницата поставувајќи го транспарентот пред шефицата на ЕК.