Првите дози од вакцината на „Фајзер“ стигнуваат во февруари

„Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“. Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април“, соопшти Министерството за здравство.

Министерството информира дека продолжува со разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ, како и преку Ковкакс механизмот од каде, како што се наведува, се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.

„Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата“, се потенцира во соопштението.

Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа, како што се наведува, македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.