Прв случај на мајмунски сипаници во Русија

LinkSense.mk

Русија денеска соопшти дека го открила првиот случај на мајмунски сипаници во земјата кај маж кој се вратил од патување во неколку европски земји.

„Инфекцијата е откриена кај млад човек кој се вратил од патување низ европски земји и отишол во медицинска установа со карактеристичен осип, се вели во соопштението на здравствените власти.

Мажот е хоспитализиран и има „блага“ форма на болеста. Лицата со кои бил во контакт во Русија се под надзор на лекари, се вели во соопштението.

 

ИЗВОР/ФОТО: МИА