Предвремени парламентарни избори

Македонија денес гласа за деветиот парламентарен состав.

Во Избирачкиот список се запишани 1.784.416 државјани на Република Македонија, од нив 1.531.368 граѓани имаат можност да избираат во земјава.

Изборите се спроведуваат на 3.480 избирачки места во шест изборни единици во Македонија.

Гласачките места се отворени од 7 часот, а се затвараат во во 19 часот.

На посебниот Избирачки список се запишани 230.122 лица кои се на привремена работа во странство.

Тие ќе можат денеска да гласаат во земјата со лична карта или патна исправа.

На изборите учествуваат 11 политички субјекти, шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати.