Премиерата на „Ајфон 8“ на 12 септември

LinkSense.mk

Долго очекуваната вест доби и официјална потврда: новиот „Ајфон 8“ стигнува на 12 септември. Поканите за настанот на „Епл“ со овој датум стигнале само на одбрани луѓе, а во официјалниот повик за премиерата која за прв пат ќе се одржи во новиот „Стив Џобс Тетар центарот“ во Копертин (Калифорнија) само кусо се наведува „да се најдеме кај нас“.

Иако компанијата не објави со што ќе се претстави, се претпоставува дека на јавноста ќе и бидат прикажани три модели.

Најпривлечен од нив е, секако, „Ајфон 8“, додека другите два модели ќе ги носат називите „Ајфон 7с“ и „Ајфон 7плус“, а би требало да бидат спакувани во куќишта со минатогодишен дизајн со незначителни измени.

„Епл“ за „Ајфон 8“ подготви екран од крај до крај на уредот, нов вид на ОЛЕД екран, нова двојна камера, стакло од двете страни, безжично полнење, а го исфрли класичниот тач ИД тастер, за корисниците да се навикнат на користењето на новата опција за скенирање на лицето, која, ако може да се верува на информациите што протекоа, ќе биде револуционерна.

Останатите два модели нема да имаат ОЛЕД екран, туку ќе продолжат да користат ИПС.