Претпладне малку облачно, попладне сончево

LinkSense.mk

Денеска претпладне се очекува променливо облачно време, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде од -3 до 5, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе биде до 12 степени.

Во сабота времето ќе биде претежно облачно, а во недела и во понеделник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд.

На планините и на повисоките места се очекуваат врнежи од снег.